Екипата на Свонси со победата 2-1 против Манчестер Јунајтед го заокружи „мрачното“ четврто коло за фаворити во Премиер лигата.


„Црвените ѓаволи“ со погодокот на Хуан Мата поведоа 1-0. Домаќините брзо се вратија во игра со погодокот на Ајев, а со голот на Гомис ги осигураа трите бодови.


Претходно од фаворите оружјето го положија Челси и Ливерпул кои претрпеа порази пред своите гледачи.

На премиерлигашката табела Манчестер Сити води со 12 бодови, пред Кристал Палас со 9 и Лестер и Свонси со по осум бодови.

Мх.П.