На 11.06.2022 година од 01.00 до 05.00 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид затекнале 11 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-05, Кичево-06). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Охриѓанец со остар предмет се заканувал на неговата мајка, поднесена соодветна пријава информираат од СВР Охрид.

На 09.06.2022 во 22.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 31 годишно лице од Охрид, кој претходно, во семејниот дом со остар предмет и се заканувал на неговата 58-годишна мајка и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вели портпаролто на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 11.06.2022 година околу 02.00 часот во СВР Охрид, приведени се две лица 51- годишно од охридското село Лескоец и 34-годишно од Скопје.

Тие, претходно, пред услужен објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

OhridNews