И покрај големиот број гости кои празниците ги минуваат во Охрид, од СВР Охрид велат дека новогодишната ноќ минала мирно и без никакви инциденти.
– На безбедносен план новогодишната ноќ во Охрид помина беспрекорно. Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и не се евидентирани сообраќајни незгоди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Десеттина случаи на интервенции во Итната помош се регистрирани поради прекумерна употреба на алкохол, претежно од страна на помлади граѓани.
OhridNews


.jpg)









