СВР Охрид ги известува граѓаните дека на подрачјето што го покрива, денес 06.10.2026година, во периодот од 14:00 до 17:00 часот, поради изведување на системски работни ангажмани, ќе биде извршено тричасовно пренасочување на телефонската линија 112.

Во наведениот период, посочуваат дека повиците кон бројот 112 ќе бидат пренасочени кон следните телефонски броеви:

  • 072/911 712
  • 072/339 111
  • 046/219 111

Ги замолуваме граѓаните, во наведениот период за итни случаи, да ги користат наведените телефонски броеви, потенцираат од СВР Охрид.

OhridNews