По пријава добиена во 01:00 часот дека од концерт во спортски центар во Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир, мерењата на полициски службеници од СВР Охрид утврдиле отстапување од дозволеното повеќе од двојно
Полициски службеници извршиле мерење на јачина на бучава со фонометар, при што било констатирано дека ја надминува дозволената јачина, односно утврдиле гласност од 77 децибели, а дозволената граница изнесува 35 децибели. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесо, информира портпатолот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Утровo, пак, во 05:10 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид приведен бил 28-годишен жител на Прилеп, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
По извршено алкотестирање, кај него утврдени се 2,14 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Синоќа во 23:20 часот во струшкото село Лабуништа, по претходно случена сообраќајна незгода со материјална штета, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од истото село.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во атарот на истото село, кај Подгоречкото езеро во близина на македонско-албанската граница, пронашле човечки череп и други предмети.
Во соработка со други надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Вчера во 14:50 часот во ОВР Струга било пријавено дека во хотел во Струга, 69-годижен жител на Скопје физички нападнал 64-годишна жена од Неготино.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews













