СВР Охрид во координација со Центарот за јавно здравје презема мерки и активности за расчистување на случајот со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој добил позитивен наод на тест за Ковид-19 на испитувањето направено по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека по расчистувањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, јавува Државната агенција МИА.
Инаку, на повтореното тестирање резултатите на Пецаков биле негативни.
И двете тестирања се спроведени во истата установа – во Центарот за јавно здравје во Охрид.
Пецаков на својот фејсбук-профил појасни дека не чувствува никакви симптоми, а ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство.
Според Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Пецаков морал да се изолира додека го чекал тестот.
OhridNews












