Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчершниот ден во средните општински училишта „Климент Охридски“ во Охрид и „Нико Нестор“ во Струга одржаа едукативни предавања со ученици од четврта година-матуранти тематски посветени на претстојните матурски, односно нивно безбедно одвивање.
Притоа, за време на едукативно предавање фокусирано примарно на областа на сообраќајната безбедност учениците беа запознаени со правилата и прописите, како почетници-возачи на патнички моторни возила, односно со неопходноста од нивното почитување со посебен акцент на периодот за време на прославувањето на матурските вечери, како и околу подигањето на степенот на сообраќајна култура како учесници во сообраќајот, велат од МВР.
Додаваат дека целта е нивната безбедност во сообраќајот, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во текот на предавањата на учениците, велат, им било укажано и на потребата од доследно почитување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир .
OhridNews