По повод големиот Христијански празник Рождество Христово Божиќ, СВР Охрид упати честитка до сите православни верници со желби за среќно и долговечно празнување.

„Искрено посакуваме, Божиќ да ја означи радоста на новиот животен почеток исполнет со чиста мисла и благороден дух а големата празнична радост да донесе здравје, среќа, љубов, мир во Вашите семејства и почит кон нашите сограѓани.

Веруваме, дека сo единство и заедничка верба во поубава иднина, ќе градиме стабилна и безбедна држава, целосно почитувајќи ги основните човекови права и слободи и вистинските вредности во општеството.

За многу години, Христос се роди.“- се вели во Божиќната честитка на СВР Охрид.

OhridNews