Локализиран пожарот кој вчеравечер настанал на депонијата во Струга.
На 12.08.2021 година околу 21 часот во ОВР Струга пријавено е дека настанал пожар на депонија и нива со нискостеблеста вегетација во близина на локалниот пат помеѓу струшките села Долно Татеши и Мислодежда. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Струга, пожарот, во кој нема повредени лица, е локализиран а потоа целосно изгаснат, велат од СВР Охрид.
OhridNews