По повод 8-ми Септември денот на независноста и сувереноста на Република Македонија, од СВР Охрид упатуваат искрени честитки,порачувајќи дека и понатаму ќе останат посветени на постојаното зголемување на своите демократски и професионални капацитети, и дека како служба и понатаму неуморно продолжуваат во сузбивањето на сите видови криминалитет.

– Градиме концепт на блискост со граѓаните максимално посветувајки се на заштитата на човековите права и слободи и на вистинските вредности на нашето општество. Нашето единство е силниот двигател во изградбата на стабилен безбедносен систем кој успешно ќе се справува со новите безбедносни предизвици и кој ке ја зацврсти Република Македонија како модерна, безбедна и Европска  држава, велат од СВР Охрид.

OhridNews