СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишен жител на Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на слободата на определување на избирачите“.
Како што соопшти МВР, на 24.04.2014 година, пријавениот упатил сериозни вербални закани кон жител на Охрид присилувајќи го него како и лицата блиски до него како да го извршат односно остварат своето избирачко право во интерес на една политичка партија. Пријавениот, со цел да придобие гласови, заканувајќи се на висок тон, барал нивното избирачкото право на 27.04.2014 година да биде во интерес на една политичката партија и со сериозна закана извршил притисок како треба да се изврши и оствари избирачкото право и кое редно бројче треба да се заокружи на гласачкото ливче.
Против пријавениот досега по повеќе основи биле поднесувани кривични пријави, соопшти МВР.
OhridNews