Честитки по повод празникот 11 Oктомвру упати Секторот за внатрешни работи Охрид. Оттаму посочуваат дека на темелите на слободата и демократијата работат посветено на изградба на стабилен безбедносен систем 

– Оддавајќи должна почит кон слободарските традиции на македонскиот народ и на македонските поборници за слобода и мир, како демократска институција, доследно продолжуваме кон законско, етичкото и професионално решавање на безбедносни предизвици. Неуморно продолжуваме со нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, со бескомпромисната борба со сите видови и форми на криминалитет. Применуваме современи форми за проактивен и транспарентен концепт за соработка со граѓаните и нивни вистински сервис. Посветено работиме на изградба на стабилен безбедносен систем и зацврстување на нашите демократски и професионални капацитети со што ја јакнеме Република Македонија како модерна, безбедна и Европска држава, се наведува во честитката од СВР Охрид.

OhridNews