Секторот за внатрешни работи Охрид доби десет нови полициски возила „Шевролет-спарк“, што неодамна беа набавени за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Од нив, по две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево а едно на полициската станица во Дебар.

За потребите на охридската полициска станица, односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај на располагање се пет возила. Новите возила „Шевролет-спарк“ што значително го подновија возниот парк на СВР Охрид, веќе се ставени во функција на целото подрачје за редовно извршување на полициските активности, информираат од СВР.

Возилата , покрај уредите за звучна и светлосна сигнализација, имаат целосно вградена современа и неопходна полициска опрема со што се очекува значително зголемување на ефикасноста и ефективноста на полициската служба.

OhridNews