Се преземаат мерки за расветлување на настанот со оштетниот паметен споменик на виртуелен Прличев по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од  СВР Охрид.

На 11.08.2022 година во 19.30 часот, во СВР Охрид пријавено е насилно отстранување и одземање на 27 букви од дигиталниот споменик и на македонското знаме, лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. Споменикот, сопственост на Општина Охрид, потоа бил исклучен од електрично напојување, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По насока на јавен обвинител, додава Димоски, на местото на настанот, увид извршија полициски екипи.

OhridNews