Секторот за внатрешни работи Охрид, по иницијатива на здружението на новинарите од Охрид, активно ќе се вклучи во хуманитарната акција за помош на единаесет годишното момче од Охрид.

Сакајќи, нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно  детство и среќен живот, сите вработени во СВР Охрид, својата хуманост ќе ја искажат со доброволно донирање на парични средства кои ќе бидат уплатени на жиро сметка, но и со телефонско јавување од своите приватни мобилни телефони на посебните телефонски линии наменети за таа цел, информира портпаролот на СВР Охрид, м- р Стефан Димоски.

Од СВР Охрид додаваат дека искрено сакаат да го дадат својот придонес кон побрзото собирање на потребните парични средства за младиот охриѓанец на кого, од срце му  посакуваат успешна операција, добро здравје, да се врати меѓу своите другари, да има среќно детство и заедно со неговото семејство да им се радува на убавините на животот.  

Ohridnews