Со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето“, СВР Охрид денеска и утре, презема посебни безбедносни мерки.

На овие места, ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот и непречено движење на возилата со придружба. Покрај овие, предвидени се и други безбедносни мерки на подрачјето со цел, зачувување на стабилната и поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР Охрид апелираат до граѓаните поради огромното значење на фестивалот на домашен и меѓународен план, да покажат разбирање за мерките, да ги почитуваат насоките на полициските службеници и со цел избегнување сообраќаен метеж, доколку немаат итна и неодложна потреба, да се воздржат од користење на своите приватни возила.
OhridNews











