СВР Охрид со детали за пожарот кој утрово се случи во село Требеништа во кое животот го загуби едно лице, а две се здобија со повреди.

На 10.11.2023 година во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа во селото Требеништа, Општина Дебрца, сопственост на Б.Н. (77) од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг Б.Т. (79) и нејзината сестра Б.Н. (70), која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Додава дека во гаснење на пожарот вклучена била Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила увидна екипа предводена од јавен обвинител.

OhridNews