56-годишен жител од Струга го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која вчера во 16:20 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Струга, во близина на аеродоромот „Свети Апостол Павле“.

Како што информираат од СВР Охрид, несреќата се случила кога патничко моторно возило „Пежо“ управувано од 37-годишно лице од Оровник кое се движело во правец од Струга кон Подмоље, со предниот дел удрило во велосипедистот. Од здобиените повреди при ударот, велосипедистот починал на лице место.

На местото на несреќата е извршен увид од страна на охридската полиција, јавниот обвинител и судски вештак. Дополнително врз телото на починатиот ќе се изврши обдукција, односно вештачење и технички преглед на велосипедот и патничкото моторно возило.

OhridNews