Вчера во 20.30 часот на регионалниот пат Св. Наум – Охрид кај населбата Рача, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од 26 годишно лице од Скопје излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле 25 и 23 годишните сопатници, двајцата од селото Пештани, охридско, а со телесни повреди се здобил возачот и уште едниот 26 годишен сопатник од Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews











