На 07.07.2022 околу 14.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.

Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews