Денеска од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид на повеќе локации на подрачјето на Охрид беше спроведена превентивна активност за заштита и превенција од имотни деликти, информираат од МВР.
При што на граѓаните, пред се повозрасните лица и пензионери, како категорија граѓани кои се најчеста мета на овие кривични дела им беа презентирани практични искуства и совети за заштита и превенција од овие облици на криминал. Особено беше нагласена потребата од благовремено препознавање и пријавување на ваквите случаи на полицијата. Воедно на граѓаните им беа делени и печатени материјали со едукативни содржини, велат од МВР.

Притоа учениците беа запознаени со штетноста и последиците од говорот на омраза, особено кај младата популација и начините за препознавање и превенција од оваа девијантна појава, потенцираат од МВР.
OhridNews











