Денеска полициски службеници од СВР Охрид во основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Григор Прличев“ во Охрид реализираа превентивна активност на тема врсничко насилство.

Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од седмо до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи. Учениците беа запознаени како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации, информираат од МВР.

Оваа едукативна кампања, потенцираат, ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на СВР Охрид.

Претходно, предавања за врничко насилство беа реализирани во основното училиште „Ванчо Николески“ и „Христо Узунов“.

OhridNews