СВР Охрид излезе со детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Охрид-Кичево, во близина на аеродромот, во која животот го загуби едно лице.
На 09.07.2025 во 20.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Оровник, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(83) од Охрид и патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од А.М.(36) од с.Синичане, општина Боговиње. На местото на настанот починал возачот В.Б, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, соопшти СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
Со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и неговиот сопатник Б.Б.(24) од Куманово, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.
Г.М.