Стабилна беше безбедносната состојба во текот на Новогодишната ноќ во Охрид, информира СВР Охрид.
Случени се три нарушувања на јавниот ред и мир од кои едно, нарушување со карање и викање пред казино и 2 нарушувања со физички напад, во ноќен клуб и на паркинг простор. Едно лице е приведено а едно се здобило со телесни повреди, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
- На 01.01.2026 во 03:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице физички нападнал такси возач (50) од Охрид. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- На 01.01.2026 во 03:02 часот во СВР охрид е пријавено дека во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, охриѓанец со стаклен предмет нападнал сограѓанин. Тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- На 01.01.2026 во 04:25 часот, пред казино лоцирано на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 23-годишно лице од струшкото село Луково затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и констатирале дека има 1,71 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид
Г.М.












