Вчера рано утрото 03.40 часот, во близина на угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е 33-годишен жител  на охридското село Велгошти, информира СВР Охрид.

При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа нож. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

OhridNews