Вчера во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од 57-годишно лице од Охрид.

На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Истрагата треба да ги утврди причините за несреќата.

OhridNews

Фото: Архива