Светската здравствена организација – СЗО, прогласи пандемија од корона вирус, изразувајќи сериозна загриженост од алармантното ширење на болеста.

До денес со  корона вирус се заразени 125.655 луѓе, а активно слулаи има 53.997. Од тоа високи 89% (48.079) има поблаг облик на болеста, а 11 % (5.918) се во критична состојба. Од корона вирус до овој момент се излекувале 66.943 лица.

Смртноста од овој вирус според СЗО изнесува 6%, а тој се прошири во 122 држави.

И натаму најмногу заразени има во Кина, 16.021, но состојбата во оваа земја полека се смирува за разлика од стариот континент каде таа се разгорува. Во Европа засега заболени од корона вирус нема само во Црна Гора и Косово.

OhridNews