Мечот кој требаше да биде дерби, испадна само полесен тренинг за охридските Колибри кои со 90:51 го совладаа Т Баскет. Охриѓани до триумфот ги предводеше Мартин Павловски, кој постигна рекордни 30 поени.

Во текот на целиот меч домаќините играа агресивно во одбраната што им овозможуваше лесни поени во нападаот.

Сите 12 кошаркари добија минутажа, и сите се запишаа во листата на стрелци: Лихванцев 10, Голабоски 7, Ситникоски 6, Настески 2, Грујовски 2, Павловски 30, Танески 2, Наумоски 3, Бојовски11, Ристески 2, Христовски 11 и Митрески 4.

Во наредното коло за охриѓани следи мечот во Скопје против Лирија.

М.П.