Драмската претстава е проект на оделението за превенција од Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со мисијата на ОБСЕ и треба да придонесе за зголемување на свеста кај младата популација за опасностите од смртоносното зло на денешнината- наркозависноста.
Една од целите на овој проект е подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од контакти со полицијата во насока на навремено детектирање на појавните облици на наркозависност, како и поголемо ангажирање на заедницата за интензивирање на превентивните активности на општествените субјекти, институциите и локалната заедница во борбата и сузбивање на нарко криминалитетот.
Претставата е наменета и за родителите, во однос на истакнување на нивната улога и потребата од комуникација со децата за навремена и сеопфатна превенција од смртоносниот порок.