Од долгонајавуваниот градски линиски превоз во Охрид кој профункционира само неколку недели, останаа да сведочат поставени сообраќајни знаци и табли, кои го покажуваат возниот ред на автобусите.

Граѓаните се надеваат дека локалната самоуправа во иднина повторно ќе ги воспостави градските линии, и ќе ги користат истите.

Инаку, јавниот превоз за пензионерите и за посебните категории граѓани беше бесплатен, додека цената на билетот за останатите граѓани изнесуваше симболични 20 денари.

О.Т.