Еден од најдобрите фудбалери на Србија во мундијалските квалификации, Душан Тадиќ се најде на радарот од италијанските калчолигаши Јувентус и Наполи.


На адреса од Саутемптон каде настапува фудбалерот за врска стигнаа неколку понуди за трансфер во летниот преоден рок, а за издвојување се оние од Јувентус и Наполи кои достиганеле 20 милиони евра.

28-годишниот репрезентативец на „орлите“ според учиникот е најдобар фудбалер во досегашниот дел од квалификациите, а во негов прилог одат и успешните настапи во дресот на „светците“ во Премиер лигата.

Тадиќ кариерата ја започна во Војводина, а во Премиер лигата се пресели од Холандија каде ги бранеше боите прво на Гронинеген потоа на Твенте.

OhridNews