Изминатиов викенд во спортската сала на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец се одржа полагање за појаси во организација на Македонската ИТФ федерација. Преставниците од највисокот тело на таеквондото во нашата земја на дело имаа прилика да се уверат во квалитетите, кои, ги поседуваат членовите во клубот.

  • Младите спортисти беа одлично подготвени за полагањето и се покажаа во најдобро светло. Секој потполно го заслужи новиот појас демонстрирајќи техника ретко видена до сега. Ќе ја искористам и оваа прилика да му се заблагодарам на нашиот генерален спонзор ПН Метал без кој ние како клуб не би имале можност да функционираме на вакво високо ниво. – изјави Марјанчо Лазаревски.

Најголемо признание од таеквондистите доби Давид Крстески кој со црвениот појас ги исполни критериумите за учество на Европско првенство. 11-годишниот Крстески следната година во италијанскиот град Римини ќе биде дел од европската таеквондо елита.

 Со повисоки појаси се закитија:

Давид крстески-црвен појас

Христијан Митрески-црвен појас

Давид Велковски-плав виши појас

Јане Димов-плав појас

Марио Крстески- плав појас

Филип Трифуноски – плав појас

OhridNews