Одржувањето на  Taekwon-Do ITF турнир – „Охрид ОПЕН 2012“ викендов од  20 до 22 април ќе ја пролонгира “дерби“ пресметката во ракометниот шампионат меѓу РК Охрид и РК Зомимак од Струмица.




Охриѓани деновиве ќе треба дополнително да го одредат терминот за одигрувањето на најважниот меч сезонава.




Наместо ракомет, охридската публика ќе има ретка можност да ужива во мајсториите на рускиот мајстор Сајан Бат, петкратен светски шампион и човекот кој важи за сива еминенција во овој спорт и досега нема изгубено ниту една борба во кариерата. 

М.П.