Околу 100 натпреварувачи од пет земји од регионот учествуваа на првиот  Taekwon-Do ITF турнир – „Охрид ОПЕН 2012 кој по повод јубилејот – 20 години постоење, Интернационалната Taekwon-Do Федерација на Република Македонија се одржа во Охрид.


 

–  Со оглед дека ова е прва година од организарањето, ние како општина Охрид како главни покровители сме задодоволни. Сигурно дека и одзивот ќе беше уште поголем доколку не беше нарушена безбедносната ситауцијата во Македонија поради која дел од натпреварувачи го откажаа своето учество. Во секој случај очекуваме овој турнир од година во година да биде што помасовен и да прерасне во традиционален – вели Јоне Станкоски советник во Општина Охрид, координатор при реализацијата на овој турнир.

 

Станкоски напоменува дека општината Охрид и понатаму ќе го подржува теквондото и ќе го помага неговиот развој, покрај развојот на овој спорт значајна компонтетна е развојот на спортскиот туризам.

Од една страна вршиме преку ваквите настани вршиме промоција на градот Охрид, а исто така ова е дополнителна можност за развој на спортскиот туризам – потенцираше Станкоски.

За организацијата на турнирот и тоа на највисоко ниво охриѓани добија позитивни критики од
делегатите на Меѓународната теквондо
федерација.

– Тоа ни дава мотив да
конкурираме за организација на европско првенство
– рече Сашо Попоски од
Организациниот Одбор.

М.П.