Жири комисијата за доделување на наградата „Григор Прличев“ што НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ја доделува за најдобра поема во ракопис во 2019 година, како највисоко рангиран го посочи ракописот „Таинство на богомилите“ под шифра „Пролог“.

На заедничкиот состанок на членовите на жири комисијата во состав: Маја Јакимовска-Тошиќ (претседател), Агим Пољоска (член) и Долорес Атанасова (член), одлуката за избор на најдобрата поема за 2019 беше донесена едногласно.

OhridNews