Тајландскиот тајкун Би Таечаубол се уште официјално го нема преземено клубот од „Сан Сиро“, а почна да прави планови за составувањето на екипата за следната сезона.

Наследникот на Силвио Берлускони го посакува еден од најдобрите и најтрофејните италијански тренери Марчело Липи, кој со „азурите“ во 2006 година го освои златниот медал на Мундијалот во Германија.


Моментално, Липи е без ангажман по заминувањето од кинески Гуангжу и не е ислучено враќање на „стариот лисец“ во италијанскиот фудбал.

Во тренерската кариера Липи најголемите успеси ги има со Јувентус, а „шеф“ е биден во Интер и Наполи.

Ohridnews