Манастирскиот комплекс „Св. Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и да побараат лек за својата мака. И денес тука секојдневно доаѓаат намерници, не само од христијанската вера, да остават дар, курбан и да се поклонат на гробот на големиот светец кој се смета дека има чудотворна моќ. Ова култно место крие бројни тајни и интересни приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Се смета за чудотворно по делата на светецот, а посетителите ден денес раскажуваат за бројни необични случки што ги доживуваат во Св. Наум.
Една таква необична појава со својот мобилен телефон, пред неколку години, забележала туристка од Србија. На фотографијата се гледа силуета на светец со јасно видливи христијански детали како се отсликува во изворските води на Црн Дрим кај „Свети Наум“. Останува дилема дали се работи за феномен, некаква рефлексија или игра на сенки, но фотографијата секако делува мистично.
Силуета на светец се појави во изворите во Свети Наум
Свети Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе, особено душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки се зборува дека направил многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како онаа на која е претставен како ја впрегнал мечката да го влече плугот наместо волот што го изела. Импресионираат и другите сцени од животот и чудата на Свети Наум Охридски кои се насликани во втората зона од Наумовиот гробен параклис : “Вкочанување на монахот што се обидел да го украде телото на Свети Наум од неговиот гроб” “Лекување на нервно заболени” “Крадец на коњ кого зората го затече пред вратите на манастирската црква” и “Ведрото остава вдлабнатина во каменот”.
Свети Наум се упокоил во 910 година. Неговиот гроб се наоѓа во внатрешноста на манастирот. Се верува дека поклонувањето на неговиот гроб носи здравје, душевен мир и спокој.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.