Британскиот боксер Тајсон Фури ја прекина десетгодишната доминација на Владимир Кличко во светскиот бокс победувајќи го на поени на дуелот кој се одржа во Дизелдорф.


Тајсон Фури кој на светскиот трон се искачи со едногласна одлука од судиите ги освои титулите во „ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО“ категорија.


Кличко иако претрпе пораз ќе заработи 25 милиони евра, а новиот светскиот шампион од борбата вредна 45 милиони, само 7,5 милиони евра.

Ohridnews