Се уште не престануваат обвинувањата на адресата од боксерите Флојд Мејведер и Мени Паквајо кои не прикажаа многу од своите квалитетите во борбата на векот.


Калкулантското боксување во рингот ја однесе борбата во 12 рунди и победникот се решаваше со одлука на судиите, а триумфираше Мејведер.

– Можеби јас едноставно бев неандерталец, но јас сакав да го убијам противникот во рингот. Јас бев роден убиец, сакав да победувам драматично и противниците да чувствуваат болка. Мејведер и Паквајо создадоа една верзија на добро и лошо момче и успешно ја продадоа, овие момчиња се родени бизнисмени. – прокоментира Мајк Тајсон.


„Челичниот Мајк“ поголем дел од победите ги добиваше со класичен нокаут, а лошото однесување надвор од рингот не му дозволи да прерарасне во најдобар боксер на сите времиња.

Мх.П.