Тактички вежбовни активности на антитерористичка единица „Тигар“ на просторот кај езерската полиција во Охрид.
СВР Охрид ги известува граѓаните дека во периодот од 11.09.2021 до 15.09.2021 година, на просторот кај езерската полиција во Охрид, тактички вежбовни активности, ќе имаат припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ (САЕ „Тигар“). Во текот на тактичките вежби, што ќе се реализираат во различни периоди од денот, ќе биде користена маневарска муниција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР Охрид информираат дека за време на вежбите, ќе бидат преземени сите неопходни безбедносни мерки поради што, се молат граѓаните за разбирање и почитување на насоките на полициските службеници.
OhridNews












