Екипата на Таленти од Битола е победник на првиот мини Bелигденски турнир кој во организација на Фудбалската школа Фер Плеј се одржа на терените на „СРЦ Атина Бојаџи“.


На турнирот учество зедоа четири екипи, а се играше по системот секој со секого. Најcупешни беа битолчани кои покрај првото место ја понесоа и наградата за најдобар фудбалер која замина во рацете на Андреј Ангеловски.


Второпласираниот Фер Плеј го имаше најдобриот стрелец во името на Осман Рамадан. Трети завршија Буба Мара од Кичево, додека четврти струшки Караорман.


Задоволни сме од остварената посета во Охрид. Иднината на македонскиот фудбал “лежи“ во овие млади “петлиња“ – рече Златко Цветаноски од ФК Таленти.


–  Започнуваме скормно со четири екипи, очекувам овај турнир да стане традиција и од година во година се повеќе да раснеме – истакна Игор Настевски од Фер Плеј.

Резултати :
1-во Коло
ФК “ОСК Фер Плеј”- ФК “Караорман” 3:2(1:1)
ФК “Таленти 2010”- ФК “Буба Мара” 0:0(0:0)

2-ро Коло
ФК “Буба Мара”- ФК “ОСК Фер Плеј” 1:3(0:2)
ФК “Караорман”- ФК “Таленти 2010” 0:2(0:2)

3-то коло
ФК “Караорман”- ФК “Буба Мара” 1:1(0:1)
ФК “Таленти 2010”- ФК “ОСК Фер Плеј” 4:0(1:0)

М.П.