Младата и талентирана гитаристка Татјана Ѓорѓиеска, ученичка во основното музичко училиште „Методи Патчев“ на неодамна одржаниот 17- ти Натпревар по класична гитара во Ќустендил- Бугарија го освои второто место.


Ѓорѓиеска, која е во класа на професор Александар Крстаноски, високата награда ја доби во конкуренција на 30 натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција, Словенија, Хрватска, Украина, Англија, Кина и Бугарија, освојувајќи најмногу бодови.


На натпреварот кој се одвиваше во текот на два дена , не беше доделена првата награда.

OhridNews