Со солидни резултати и остварени успеси, викендов, од  јубилејната 50-та Олимпијада на млади техничари и природници што ја организираше Народна техника во Битола, се вратија двајца ученици од ОУ „Христо Узунов“ – Ѓоко Маркоски во категоријата применета биологија под менторство на Владо Андрески и Михајло Најдески во категоријата применета физика под менторство на Вера Зороска.

Маркоски и Најдески во своите категории го освоија третото место и се закитија со диплома.

Ученикот Ѓоко Маркоски  наградата ја доби за презентираната тема : Патогените бактерии околу нас, чија цел е  да се открие кои се бактерии се присутни на површините кои  децата најчесто ги користат при секојдневните актвност, откривање на бактериите кои ги има во воздухот, во средината во која децата најчесто се наоѓаат, како и давање предлог мерки за превенција и заштита од патогените бактерии. Маркоски проектот го изработувал неколку седмици, во современа лабораторија со најсовременини апарати и материјали.

Вториот награден ученик од ОУ „Христо Узунов“, Михајло Најдески  на натпреварот се претстави со темата: Ласерско алармен систем. Мотивацијата за да се изработи ваков тип на алармен систем се, големиот број на кражби кои често се случуваат. Системот овозможува околу објектот кој треба да се заштити да се направи “ограда” од ласерски зраци со помош на рамни огледала. Кога некој од зраците кои се околу заштитениот објект се попречува од страна на некое тело низ кое не се шири светлина, се вклучува аларм, односно се активира сирена.

OhridNews