Талентираните средношколци доаѓаат летово во Охрид
22.12.12 07:00
Охрид во летниот период, ќе биде домаќин на двонеделен „Летен камп“ наменет за талентирани средношколци. На кампот, на кој ќе учествуваат 45 ученици од земјава, предавањата ќе ги изведуваат Машинскиот, Технолошко – металуршкиот и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, чија програма е специјално дизајнирана за потребите на средношколците.
Наставата ќе се одржува во текот на работните денови со по седум часови дневно, односно, дополнителни два за викендот. Учениците од понудените предмети, ќе можат да изберат само еден, а секоја од трите групи ќе биде составена од 15 средношколци. Според Министерот за образование и наука Панче Кралев, проектот има за цел да ги идентификува и пронајде талентираните ученици, со цел развивање на вештинит и интересите кои ги имаат.
„Минатата година имавме проект, преку кој четири средношколци поминаа три недели на Универзитетот Џон Хопкинс во САД. Со помош на нашите факултети, ќе им се обезбеди соодветна настава од научно-истражувачки карактер на талентираните средношколци.“ – изјави ресорниот министер, на денешната промоција на проектот на Технолошко-металуршкиот факултет.
За учество на кампот, во следниот период ќе се објави оглас, на кој ќе можат да аплицираат ученици од прва, втора и трета година до средните училишта, кои имаат значителни достигнувања во полето на математика, физика, хемија, биологија и информатика. Селекцијата ќе ја прават самите факултети во соработка со министерството, а изготвени се соодветни упатства и правилници за идентификација на овие ученици.
По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во...
ЈП „Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник „7-ми Ноември” Пред присутните вработени, градоначланикот на општина Охрид Кирил Пецаков, пратеници во Собранието, дире...
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и си...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.