Ракометарот на германски Рајн Некар, Филип Талески беше една од клучните алки во триумфот на македонската селекција (34-33) против Исланд во Рејкавик. Четири од петте голови левиот бек ги реализираше во второто полувреме кога се кршеше резултатот. Со овој триумф, „црвено жолтите“ широко си ја отворија вратата за ново учество на Европско првенство.

  • Мора и треба да бидеме задоволни од победата и играта. Имавме големи проблеми во текот на мечот, но се издигнавме и победивме. Примивме многу погодоци, но добро е што нападот имаше одговор и не одведе до голем триумф. Одиграв мотивирано, бидејќи на моја сметка се упатија доста критики. Јас знам да играм ракомет и критиките дополнително ме мотивираа. – изјави Талески.

Поранешниот член на Металург в недела со почеток во 20 часот против Исланд во Спортската сала „Борис Трајковски“ ќе има шанса да ја импресионира македонската јавност и да ги смират страстите.

OhridNews

Среќата и се насмевна на Македонија, „црвено жолтите“ триумфираа во Исланд!