Според официјалниот распоред на Регионалната лига, ГРК Охрид утре го очекува ново гостување во Србија. Во третото коло од групата Б, избраниците на Борис Ројевиќ ќе се сретнат со Динамо Панчево.

Не очекува гостински натпревар против квалитетна екипа. Одиме во Панчево да дадеме максимум и да победиме. Сакаме да го завршиме припремниот период со сите победи пред почетокот на сезоната во македонското првенство, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Филип Талески.

Натпреварот е закажан за 18 часот во салата „Стрелиште“ во Панчево.

OhridNews