Фудбалерите на Воска Спорт од Охрид ремизираа на гостувањето во Битола против Пелистер 1:1 во рамки на 6 коло од Втората лига.

Битолчани поведоа преку Христијан Драгарски уште во 6-та минута од натпреварот, а Воска Спорт израмни во 90+5 со голот на Изаир Емини.

Охрид Лихнидос својот натпревар од 6то коло ќе го одигра на 12 октомври, дома против Детонит Плачковица.

По 6 кола лидер во Втората лига е Вардар со 16 бода пред Воска Спорт со 14. Охрид е на делба на 12 место со Караорман. Двете екипи имаат по 4 бода.

Во следното коло, кое на програмата е на 8 октомври, Охрид гостува на Борец, а Воска Спорт дома ја пречекува екипата на Слога.

OhridNews