Ќерката на милијардерот Берни Еклстон, Тамара, позната како разгалена богаташка, почнала да собира пари за лондонската детска болница. Тамара одлучила да сними календар и да го продава во хуманитарни цели.

За потребите на снимањето на календарот Тамара Еклстон ангажирала неколку врвни фотографи, екипа стилисти и шминкери, и сите ги одвела на грчкиот остров Санторини, а трошоците за патот изнесувале околу 50 илјади евра.