Ученичката Тања Гроздани од ОУ „Григор Прличев“ со наставничката ментор Марина Танасоска, на Државниот натпревар по информатика за апликативни вештини 2014, кој се одржа во Скопје во организација на Здружението на информатичарите на Македонија, го освои второто место и доби награден ваучер од Семос едукација.
На натпреварот активно учество зедоа и учениците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, при што ученичката Марија Павлоска од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, под менторство на професорката Дубравка Сершиќ доби пофалба за успешно учество на Државниот натпревар по информатика.
Здружението на информатичарите на Македонија осма година по ред организира натпревари по информатика за учениците од основното и средното образование.
Целта на досегашните циклуси на натпревари беше да се заинтересираат што поголем број на ученици за информатиката како наука.