Охридските Колибири ја забележаа шестата победа во низа , откако како гости славеа против Крива Паланка со 66:69 (19:17,15:16; 16:24; 16:12). Натпреварот во целиот свој тек беше изедначен, цврст со агресивна игра проследна со серија грешки на двете страни.


Охриѓани отпатуваа без Танески, настрада и капитенот Митрески

“Колибрите“ беа хендикепирани на стартот на вториот дел кога “жртва“ на агресивната игра беше капитенот Митрески Гоце, кој го скрши претпоследнито прст на десната рака. На негова голема среќа на лице место интервенираа домашниот доктор како и  охридскиот физиотерапевт Јонче Петан, притоа бандажирајќи ја неговата рака. На овој натпревар не допатува ни Љупчо Танески, кој се здоби со повреда на скочниот зглоб, на последниот тренинг пред мечот.



Победа благодарение на крилата

И покрај сериозните проблеми со повредените играчи, до победата охриѓани стигнаа благодарение на расположените крила како и центрите под обрачите. Голем придонес даде искусниот Александар Наумовски 16 кој како вистински лидер ја предводеше млада екипа. По мечот пауза во тимот се врати мотивираниот Танаскоски кој ја одигра една од неговите најдобри партии со 14 поени и 10 скока. Лихвинцев стрелаше кога не им одеше на центрите , погодувајќи 3 “проектили“ од линијата за три со што комплетираше 12 поени, Бојоски 10, Христовски 4, Павлосвски 3. Уште една “лавовска“ партија за најмладиот во тимот  Николче Ристески (10 п), кој со својата пожртвувана игра е пример за сите во клубот.

М.П.